Ветеранот Анхел ди Марија го постигна единствениот гол за победата на Аргентина над Еквадор од 1-0. Ова беше претпоследниот тест за светските шампиони пред почетокот на Копа Америка.
Дуелот се одигра во Чикаго, а Ди Марија успеа да погоди во 40-тата минута.
На негово место на стартот на вториот дел во игра влезе Лионел Меси.
„Гаучосите“ очигледно се мачеа по тешката клупска сезона и напаѓачите не беа во посебен елемент.
Еквадор упати само еден шут кон голот на Аргентина во текот на целиот натпревар.