По три години престој во белградскиот Партизан, Кевин Пантер ќе ги напушти Црно-белите и ќе се пресели во Макаби Тел Авив, со кого веќе постигнал договор.
Пантер има договор со Партизан уште една година, но според овие информации на „Спорт клуб“, Американецот постигнал договор со којшто се откажал од последната плата од договорот за сезоната 2023/24.
Пантер пристигна во Партизан во летото 2021 година од италијанскиот Армани, со кого таа година играше на фајнал-форот на Евролигата. Тогаш Партизан уште играше во Еврокупот, но Пантер веруваше во визијата на Жељко Обрадовиќ и Црно-белите беа пријатно изненадување во Евролигата.
Сепак, Пантер беше трагичната фигура во антологиската четвртфинална серија против Реал Мадрид во 2023, а сезонава бекот не личеше на себе, не беше ни сенка на претходната сезона. Пантер имаше богат договор, најголем во историјата на српската кошарка од околу 2.500.000 евра, па Партизан ќе заштеди многу пари со неговото заминување, затоа и се согласиле да го ослободат.