Претседателот на УЕФА, Словенецот Александар Чеферин, откри кои се, според него, главни фаворити за ЕП 2024.
„Веќе им кажав на пријателите: не знам зошто, но Германија ја сметам за еден од главните фаворити. Тие беа прилично тенки во последниве години, но имаат добар тим. На пријателскиот натпревар со Франција кога победија со 2-0, видов сосема поинаков однос.
Секогаш велам дека никогаш не треба да се потцени Шпанија. Тука се и Хрватска, Белгија, Холандија, можеби Данска. Но, Германија, Франција, Англија и Португалија според мене се главни фаворити на ова ЕП“, вели Чеферин.
ЕП 2024 ќе се одржи од 14 јуни до 14 јули во Германија.