Најдобриот полски фудбалер, Роберт Левандовски, нема да игра на првиот натпревар за својата репрезентација на претстојното Европско првенство против Холандија.
По направениот преглед во една болница во Варшава, од Полската федерација објавија дека Леви има скинат мускул во бицепсот и сигурно нема да настапи на дуелот со Холандија на 16 јуни.
Лекарскиот тим на полската селекција ќе направи максимални напори да го оспособи 35-годишниот напаѓач за средбата од второто коло на ЕП против Австрија, кој асе игра на 21 јуни.
Полскиот репрезентативен лекар Јацек Јарошевски имаше подобри информации за Карол Швидерски, кој исто така се повреди на мечот со Турција. Швидерски има истегнување на зглобот на глуждот без значително оштетување, по третманот тој треба да се врати на целосен тренинг во рок од 3-4 дена.