Напаѓачот на Ливерпул, Луис Дијас, на свој начин ги прокоментира гласините дека можно е ова лето да направи трансфер во Барселона.
„Многу сум среќен во Ливерпул. Тоа е голем клуб. Отсекогаш сакав да играм овде и затоа сум мирен. Не размислувам за ништо друго, само за репрезентацијата на Колумбија“, изјави Луис Дијас.
Луис Дијас им се приклучи на Црвените во јануари 2022 година со трансфер од Порто за 47 милиони евра.