Нагелсман пред стартот на ЕВРО 2024: Мечтаеме за златото

Селекторот на германската репрезентација, Јулијан Нагелсман, зборуваше за амбициите на тимот во пресрет на почетокот на ЕВРО 2024. Натпреварувањето ќе се одржи од 14 јуни до 14 јули токму во Германија.

„Имаме големи амбиции, сакаме да победиме. Давањето изјави дека ќе го освоиме Европското првенство секако не ни е најдобрата опција. Мислам дека тоа е целта на секоја селекција, инаку зошто би се труделе толку многу и би се пласирале на ЕП. Секако, сонуваме за злато. Тоа може да се случи ако дадеме сѐ од себе“, изјави Нагелсман за веб-страницата на УЕФА.

Германија е во групата А, каде што за ривали ќе ги има Шкотска (14 јуни), Унгарија (19 јуни) и Швајцарија (23 јуни).

- Оглас -

Најнови вести