Клемен Турпан ќе го суди првиот меч на ЕВРО 2024

Францускиот судија Клемен Турпан ќе го суди натпреварот меѓу Германија и Шкотска в петок, на отворањето на Европското првенство во фудбал. Неговите асистенти, како и ВАР-судиите, исто така доаѓаат од неговата земја, со исклучок на Италијанецот Масимилијано Ирати, кој е еден од ВАР-помошниците.

Турпан им носи среќа на Германците, веднаш објавија медиумите од земјата домаќин. Тие досега имаат три победи и едно реми кога им судел овој елитен европски судија.

Клемен Турпан е еден од најдобрите судии на Стариот Континент. Тој ја делеше правдата на првиот полуфинален натпревар меѓу Баерн Минхен и Реал Мадрид, кој заврши 2-2.

 

- Оглас -

Најнови вести