Американските медиуми јавуваат дека почина Џери Вест (86), легендарниот кошаркар на Лос Анџелес лејкерс. Целата кариера ја мина во тој клуб, за којшто настапуваше од 1960 до 1974 година, а тренер им беше од 1976 до 1979 година. Освои и осум титули како генерален менаџер, прво со Лејкерс, а потоа и со Вориорс.
Некогаш како играч беше шампион во НБА, а голем индивидуален успех постигна во 1969 година, кога како член на поразениот тим ја доби наградата за најкорисен играч на финалето, што се случи првпат дури тогаш.
Џери Вест дури 14 пати беше „олстар“, а десетпати беше избран во најдобриот тим на лигата. Тој е еден од седумте играчи во историјата кои ја имаат наградата за најдобар стрелец и најдобар асистент во лигата.
ЛА лејкерс го пензионираа неговиот дрес со број „44“, а тој ја заслужи најголемата чест кога лигата го направи своето официјално лого врз основа на неговата силуета. Џери Вест оттогаш го носи прекарот „Логото“. Со американската репрезентација освои злато на Игрите во Рим во 1960 година.