Португалскиот тренер Жозе Мурињо кариерата ја продолжи во Турција, во земјата учесник на Европското првенство во Германија, па неизбежна тема е и континенталниот собир.
Англија е фаворит за освојување на Европското првенство според квотите, но Мурињо смета дека шампион ќе биде неговата Португалија, која во финалето ќе го совлада токму Гордиот Албион“. Фаворит на Португалецот за најдобар стрелец е Хари Кејн, додека за најдобар фудбалер на првенството, според него, е Џуд Белингам.
Мурињо како најсериозен кандидат за освојување на Златната топка оваа сезона го има Бразилецот од Реал Мадрид, Винисиус.