Капитенот на репрезентацијата на Австрија, Давид Алаба, веќе долго е надвор од фудбалските терени откако заработи повреда на коленото. Фудбалерот на Реал Мадрид поголем дел од штотуку завршената сезона беше надвор од терените и не можеше да ѝ помогне ниту на својата екипа, ниту на репрезентацијата.
Од поодамна беше познато дека тој нема да може да настапи за Австрија, но селекторот Ралф Рагник најде соломонско решение како да го вклучи капитенот во репрезентацијата. Одлуката е Алаба да биде дел од стручниот штаб на Австрија и да му помога на Рагник, но ќе мора да го напушти Европското првенство кога ќе започнат подготовките на Реал Мадрид.