Тоа беше меч за историја и гордост, точно пред три години Македонија првпат заигра на ЕП во фудбал (Видео)

Точно пред три години, на 13 јуни 2021 година, во Букурешт, македонската фудбалска репрезентација го одигра својот прв историски натпревар на едно сениорско Европско првенство.

За првпат на меч од ЕП се слушна химната „Денес над Македонија“, а за првпат и постигнавме гол, тогашниот капитен Горан Пандев е човекот кој влезе во историјата како прв стрелец. Голот на Пандев против Австрија погледнете го ТУКА.

Македонија беше поразена со 1-3, но тој меч секогаш ќе остане врежан во меморијата на македонските љубители на фудбалот, а 13 јуни ќе се памети како ден на голема гордост.

- Оглас -

Најнови вести