Утре започнува Европското првенство во фудбал, а меѓу 24-те репрезентации има две во кои сите играчи се интернационалци и настапуваат за странски клубови, што не е комплимент за нивните домашни лиги.
На врвот на листата на тимови со најмногу играчи кои настапуваат во домашни клубови е Англија, земја чија лига со години важи за најдобра и најатрактивна во светот. Англија има дури 24-ца играчи за ова ЕВРО 2024 од Премиер лигата.
На второто место е актуелниот шампион Италија, чија Серија А дава 23-ца играчи во тимот на селекторот Спалети.
Третото и четвртото место ги зазедоа Германија (20) и Шпанија (19). Нивните првенства се од „Топ 5 лигите“ и не е чудно што бројките се вакви.
Изненадува Чешка, која има дури 15-мина фудбалери од домашното првенство, а јасно е дека лигата таму не е на нивото на Премиер или Серија А, но очигледно е квалитетна штом дава толкав број играчи во составот за ЕП.
Само осуммина играчи во Франција доаѓаат од Лига 1, додека од португалската лига се само шестмина во португалската репрезентација.
Две репрезентации кои обезбедија визи за ЕП во Германија воопшто немаат фудбалери од своите лиги, а тоа се Данска и Албанија.
Број на играчи од домашните првенства:
Англија 24, Италија 23, Германија 20, Шпанија 19, Чешка 15, Украина 14, Турција 12, Унгарија 9, Шкотска и Франција по 8, Австрија и Романија по 7, Холандија, Португалија и Хрватска по 6, Словачка 4, Белгија, Полска, Србија и Словенија по 3, Швајцарија и Грузија по 2, а Данска и Албанија 0.