Фоден пред одењето за Германија бил кај гатачка која гледа на карти

Ѕвездата на Манчестер сити и на англиската репрезентација, Фил Фоден, верува во повисока сила, суеверен е, па решија со својата бремена партнерка Ребека Кук непосредно пред патувањето да ја посетат пророчицата Клои Смит, која наводно ја предвидува иднината со гледање во тарот-карти.

„Се надевам дека Клои му кажа дека видела дека фудбалот се враќа дома!“, е еден од коментарите на англиските фанови за посетата на Фоден кај Клои.

Фоден би требало да биде стартер на првиот меч на ЕП против Србија в недела, а Англија посакува да го освои својот прв голем меѓународен трофеј уште од 1966 година наваму.

- Оглас -

Најнови вести