Трансродовата пливачка Лиа Томас нема да се натпреварува на Олимпијадата во Париз откако го загуби спорот на Спортскиот суд во Лозана. Дваесет и шестгодишната Томас стана позната откако го освои првото место на највисокот колеџ натпреварување во САД во женска конкуренција. Тогаш нејзините колешки кренаа бунт и бараа да ѝ се забрани да се натпреварува во женска конкуренција, а Светската асоцијација за водени спортови го прифати нивното барање и донесе правило со кое им се забранува да се натпреваруваат во женска конкуренција на сите кои на кој било начин поминале низ „машкиот пубертет“.
Оттогаш американската пливачка не се натпреваруваше, но упати тужба до Спортскиот арбитражен суд во Лозана, кој на крајот одлучи дека правилото на Светската асоцијација за водени спортови е во ред и дека Лиа Томас нема право да се натпреварува во женска конкуренција.