Најпознатата хрватска навивачка Ивана Кнол пристигна во Берлин за да ги бодри Коцкестите. Таа веднаш се означи на социјалните мрежи и напиша: „Здраво драги! Јас сум во Берлин и се радувам што ќе се сретнеме тука. Се гледаме во сабота!“
Ивана Кнол стана позната по своите фотографии на натпреварите на кои игра Хрватска на големите натпреварувања, но и на останатите големи светски настани.