Хрватот Марио Хезоња потпишал преддоговор со Барселона и најверојатно повторно ќе го облече дресот на каталонскиот гигант, каде што беше како младинец, од 2012 до 2015 година.
За иднината на Хезоња многу се зборуваше во последно време, а шпанските медиуми објавија дека од Реал Мадрид се сели во Барса. Договорот бил на четири години, а Хезоња би земал по три милиони евра по сезона, што е многу повеќе од тоа што го заработува во Реал, клубот со кој лани стана европски првак.
Реал уште има шанса да ја спречи преселбата на Хезоња, но тоа ќе се случи само ако му понудат ист таков договор каков што му нуди Барса, а познавачите на приликите тврдат дека Кралскиот клуб нема намера да му плаќа на Хезоња толку многу пари.
Пред некој ден, кога Реал ја освои титулата во Шпанија, Хезоња изјави дека би сакал да остане во Реал, бидејќи додека други го напаѓале и го потценувале, во Мадрид се чувствувал сакан и дека желба му е да остане во клубот.