Германија е голем фаворит за победа против Шкотска на отворањето на Европското првенство вечерва во Минхен, а најголем адут на Панцерите ќе им биде средниот ред.
На последниот пријателски меч, Германците во средината ги имаа Крос, Гундоган и Андрих како класични играчи за врска, а пред нив како поофанзивни и нешто како крила играа Вирц и Мусијала.
Со ваква средина и мајстори со топката, а притоа некои од нив и многу брзи, јасно е дека Шкотска ќе има проблем да им ја одземе топката и поседот сигурно ќе биде во голем процент во нозете на домашните.
За Крос и Гундоган не треба да се трошат зборови, Андрих и Вирц имаа неверојатна сезона во Баер Леверкузен, додека Мусијала е еден од најдобрите млади офанзивни фудбалери на светот.