Татко на млад навивач на Шкотска на социјалните мрежи го сподели мејлот што го испратил до училиштето на својот 12-годишен син.
Иан Мејклџон објаснува дека неговиот син во следниот период нема да оди на училиште бидејќи „ќе оди на образовно патување во Германија“.
„Ви пишувам за да ве информирам дека мојот син Алекс нема да биде на училиште од 13-ти јуни до денот кога Шкотска ќе испадне од Европското првенство. Одиме на едукативна турнеја низ Германија каде ќе посетиме неколку градови и ќе имаме емоционални подеми и падови низ кои може да помине еден навивач на Шкотска. Ве уверувам дека Алекс ќе обезбеди целосен извештај кога ќе се врати“, се вели во мејлот.
Твитот за неколку часа собра десетици илјади лајкови.
Шкотите се во групата А каде што ќе играат со домаќинот Германија, како и со Унгарија и Швајцарија.