Тартан Арми како Фалангата, каде и да одат се хит и прават позитивна атмосфера (Видео)

Шкотските навивачи се познати по својата приврзаност кон фудбалскиот национален тим, и освен кога играат со Англија која не ја „мирисаат“, прават позитивна атмосфера и трошат многу пари за пиво секаде каде што патуваат.

Со традиционалните гајди кои им се препознатлив инструмент, облечени во килтови, секаде привлекуваат внимание и интересни се за локалните жители. И во Скопје имаат гостувано во голем број и правеа добра атмосфера пред мечот.

Денеска има дури околу 200.000 Шкоти низ Минхен, градот е преплавен со нив, и со песни се загреваат за натпреваарот со домашната Германија.

Иако не во толку број, и македонските навивачи со својот егзотичен изглед во црвено-жолти бои секаде привлекуваат внимание и ги добиваат симпатиите.

Така беше и на претходното ЕП пред три години кога во Букурешт, Фалангата рушеше рекорди по број на испиени пива и со патриотски песни и со позитивно расположение остави позитивна слика за Македонија.

Можеби Германија е фаворит на хартија за победа вечерва, но дефинитивно кај нас Шкотска ќе има повеќе навивачи, затоа што имаме одредени сличности со нив и своевидна традиција на неутралните е да се навива за условно кажано послабиот.

- Оглас -

Најнови вести