Поранешниот селектор Никола Илиевски Џиџи ќе биде тренер на второлигашот Охрид

Фудбалскиот второлигаш ГФК Охрид го именуваше поранешниот селектор на македонската фудбалска репрезентација Никола Илиевски – Џиџи за нов шеф на стручниот штаб. Со него амбициите на охриѓани се зголемуваат и тимот ќе се обиде следната сезона да избори место во елитата.

„Поранешниот селектор на македонската репрезентација Никола Илиевски нов тренер на ГФК Охрид. Искусниот стратег во својата богата кариера покрај многуте македонски клубови, ги има водено и екипите на словенечкиот Целје, романската Валчеа, албанскиот Билиш и индонезискиот Персијап. Популарниот Џиџи во два наврати беше селектор на македонската репрезентација, а истотака ја предводеше и репрезентацијата на Бангладеш. Добредојде Џиџи“, објавија од ГФК Охрид.

- Оглас -

Најнови вести