Аргентина убедливо со 4:1 ја победи Гватемала во пријателски меч како последна подготовка пред почетокот на Копа Америка, а очекувано Лионел Меси беше во центарот на вниманието.
Капитенот на Аргентина постигна два гола, а ќе беше и хет-трик ако Лео реши да му дозволи на Лаутаро Мартинез да го изведе пеналот. Лаутаро си даде автогол по само четири минути игра, а во 12 минута беше досуден пенал за Аргентина, па голгетерот на Интер побара од Меси да го извееде пеналот и едноставно да се корегира за автоголот.
Меси без двоумење му дозволи на својот соиграч да го изведе пеналот, а Лаутаро погоди за 1:1.
Таа ситуација може да ја видите ТУКА.
„Го погледнав и тој едноставно ми дозволи да шутираме. Јавно му се заблагодарувам. Тоа беше потег од човек кој е голем џентлмен на теренот, но и надвор од него. Мене ми беше многу важно да го шутирам пеналот“, рече Лаутаро по мечот.