Колумбија на 22 натпревари по ред не знае за пораз, Италија е голем фаворит против Албанија (Фото)

6701 – Унгарија – Швајцарија (15:00)

Репрезентациите на Унгарија и Швајцарија со меѓусебен дуел го започнуваат настапот на Европското првенство, а токму традицијата во меѓусебните натпревари вели дека може да очекуваме ефикасен фудбал. На деветте натпрвари кои ги одиграле, само еднаш немало барем два гола, а тоа се случило во 1997-мата година кога Швајцарија победила со 1-0. На последниот натпревар, Швајцарија победила со убедливи 5-2.

Предлог тип: 1-3I&1-3II (2.30)

 

6702 – Шпанија – Хрватска (18:00)

Дербито на денот на Европското првенство ќе го одиграат репрезентациите на Шпанија и Хрватска во 18 часот. На претходно Европскот првенство, овие две селекции одиграа антологиски меч, кој на крајот заврши со победа на Шпанија од 5-3 после продолженијата, откако во регуларниот дел немаше победник, а мечот заврши 3-3. Љубителите на фудбалот и денес очекуваат да видат барем дел од она што го видоа пред три години во Копенхаген.

Предлог тип: 1+I и 1+II (1.82)

 

6703 – Италија – Албанија (21:00)

Бранителот на трофејот од претходното Европско првенство, Италија, е апсолутен фаворит против Албанија. На претходните четири меѓусебни натпревари победувала само една екипа, Италија, додека албанците ниту еднаш не успеаја да останат непоразени. Последниот меѓусебен натпревар овие репрезентации го одиграа во 2022-рата, од пријателски карактер, во Тирана, кога Италија победи со 1-3.

Предлог тип: : 1 & Т1 2+ (1.68)

 

6881 – Колумбија – Боливија (23:00)

Репрезентацијата на Колумбија е апсолутен фаворит за победа против Боливија во пријателскиот меч пред почетокот на Копа Америка. Колумбијците се во серија од седум натпревари по ред на кој забележаа победа, но нивната низа без пораз е импресивна. Колумбија на последните 22 натпревари не знае за пораз, имаат 17 победи и само пет нерешени, а последен пат ја почувствуваа горчината на поразот пред 28 месеци кога минимално со 1-0 загубија од Аргентина.

Предлог тип: 1-1 & 3+ (1.82)

 

4832 – Старт Брно – Росице (17:30)

Екипите на Старт Брно и Росице го играат натпреварот од последното коло од третата по ранг чешка лига. Мечот нема резултатско значење, бидејќи двете екипи веќе го имаат обезбедено опстанокот, а тоа е убава можност за многу голови на овој натпревар. Единствениот меѓусебен дуел кој го имаат одиграно, оној во есенскиот дел од оваа сезона, заврши со резултат од 1-2 за екипата од Брно.

Предлог тип: ГГ и 3+ (1.88)

- Оглас -

Најнови вести