Двајца поранешни македонски репрезентативци вечерва ќе играат на Европско првенство

Македонија не е учесник на Европското првенство во фудбал годинава, но вечерва може да заиграат двајца фудбалери кои се родени во Македонија и кои играле за нашиот национален тим, а сега настапуваат за Албанија.

Едниот е Таулант Сефери, другиот Јасир Асани.

Сефери кој си го смени презимето, роден е во Куманово како Сулејманов, во 2014 година како голем талент кој играше за Работнички, стана најмладиот играч кој дебитирал за сениорската селекција на Македонија. Негов матичен клуб беше Милано од Куманово, но подоцна реши да игра за Албанија.

Асани е роден во Скопје, тој е дете на Вардар, играше и за Шкупи и Победа, а беше дел и од младата репрезентација која обезбеди место на ЕП. Но, не доби повик за настап на првенството и веројатно тогаш се разочара, а шансата ја искористија Албанците кои ги привлекоа во нивниот тим.

- Оглас -

Најнови вести