Првиот ден на ЕВРО 2024 ја донесе и првата жртва. Убиен е навивач во Франкфурт.
На теренот на локален фудбалски клуб во Франкфурт синоќа се собраале навивачи да го проследат отворањето на Европското првенство, а потоа и првиот меч меѓу Германија и Шкотска.
На собирот имало главно луѓе поврзани со клубот, но им се придружиле и група фанови кои немаат врска со клубот. Околу 23 часот меѓу нив настанал конфликт при што еден од навивачите бил избоден со нож.
Помошта пристигнала предоцна и човекот починал. Напаѓачот побегнал, но подоцна се предал.
И напаѓачот и убиениот се во раните триесетти години.
Полициската истрага е во тек. Мотивот сѐ уште не е познат, но има многу сведоци на немилиот настан.