Италија со 2:1 ја победи Албанија во меч од првото коло на Европското првенство. Албанија прва даде гол и тоа со најбрзиот погодок во историјата на ЕП, но актуелниот европски првак се врати во првиот дел, постигна два гола и на крајот тоа се покажа како доволно да стигне до посакуваната победа.
Ако Италија доминираше на теренот, албанските фанови беа побројни на трибините, но и на улиците низ Дортмунд пред почетокот на средбата. Меѓу навивачите на двете селекции владееше прилично пријателска атмосфера, а впечатлива беше една ситуација.
Навивач на Албанија со шпагети во рацете покажа дека е решен да ги скрши, а еден симпатизер на Италија буквално клекна на колена и молеше да не бидат скршени шпегетите, но на крајот неговите молби беа залудни.
Albanian fans snapped spaghetti in front of Italian fans in Dortmund.
The funniest thing you'll see today!
🇦🇱♥️🇮🇹 pic.twitter.com/ORpzlHxYFG
— Kosovan Football 🇽🇰 (@kosovanfooty_EN) June 15, 2024