Фабио Капело, легендарниот италијански стручњак кој ги предводеше Милан, Рома, Јувентус и Реал Мадрид до шампионски титули, ги предупреди италијанските репрезентативци дека ќе мора подобро да се подготват за дуелите со Шпанија и со Хрватска.
Италијанците победија со 2:1 против Албанија, но не прикажаа премногу допадлив игра. Капело упати сериозно предупредување.
„Ќе видиме како ќе биде кога противниците ќе бидат со многу посериозен квалитет, а не како Албанија. Сѐ ќе зависи од тоа колку сме брзи, а јас сѐ уште не сум се уверил колку се брзи нашите дефанзивци“, изјави Капело.