Македонија ќе има уште еден учесник на Летните олимписки игри во Париз. Тоа е Милјана Релиќ, европската клупска шампионка која ќе ја претставува Македонија во таеквондо откако доби специјална покана од ИОК. Ова го потрврди Македонскиот олимписки комитет.
„Златниот медал на Мила од Европското клупско првенство поткрепено со одличниот рејтинг и резултатите од последните натпреварувања резултираа со покана од ИОК за настап на Мила на Олимписките игри во Париз оваа година. Голема заслуга за ова, секако, има нејзиниот тренер Александар, како и континуираната успешна работа на нашата Таеквондо федерација и, пред сè, нашиот сребрен Дејан Георгиевски и неговиот тренер Борче Костовски, кои го трасираа патот на таеквондо спортот во Македонија.
Од Мила очекуваме одличен настап и посакуваме уште една радост од нашите таеквондисти“, соопштија од МОК.