Кога Кристијано Роналдо е во тимот, репрезентацијата на Португалија секогаш е во потесниот круг на фаворитите. Чешка е првиот ривал на Португалија и ова ќе биде нивен петти дуел во 21 век. Во претходните четири пресметки Португалија триумфирала на сите четири меча и има примено само еден гол (4:0, 2:0, 1:0, 3:1).
На три од последните четири средби, во првото полувреме беа постигнати два гола, што е најава дека може да се очекуваат возбудувања уште од самиот почеток.
Една од најочекуваните комбинации е Португалија да победи, а Роналдо да биде стрелец на гол, што носи квота од 2.30. Дури 15-мина фудбалери се во понудата Стрелец на гол, а може да се одбере и интервал кога ќе биде постигнат првиот погодок.
Тука се и статистичките комбинации, па може да се одигра на вкупно корнери, вкупно офсајди, фаули, жолти картони, удари во рамките на голот… Може да се одигра и на тоа дали ќе има пенал или црвен картон.