Во првиот меч од ЕП во Германија беше испишана историја откако домаќинот убедливо со 5:1 ја победи Шкотска. Тоа е најубедлива победа на отворање на еден континентален собир, но и најтежок пораз за Шкотска.
Шкотите ги имаат едни од најдобрите навивачи на турнирот, а играчот за врска Џон Мекин ветува дека на преостанатите два дуела од групата, репрезентацијата ќе игра многу подобро.
„Ќе видите една друга Шкотска на дуелот кој ќе го играме в среда. Ова е тим кој има многу да докаже, најмногу на самите себе. Видовте колку многу навивачи имаше на дуелот во Минхен и чувствувавме дека ги разочаравме“, вели Мекгин.
Швајцарија е следниот ривал на Шкотска. Швајцарците победнички стартуваа со 3:1 над Унгарија и сега доволно ќе им биде да не загубат за да осигурат место во нокаут фазата.