Македонските клубови во очекување на ждребот на УЕФА: Струга ТЛ го посакува ривалот од Гибралтар

Македонскиот првак Струга Трим Лум го очекува ривалот за првото квалификациско коло во Лигата на шампионите. На денешниот ждреб во УЕФА од 14 часот, потенцијални противници на Струга ТЛ се Слован Братислава (Словачка), Линколн Ред Импс (Гибралтар), ТНС (Велс), Балкани (Косово) и Борац (БиХ). Секако дека најдобра опција за стружани е Линколн Ред Импс, тимот од Гибралтар.

Македонските претставници во квалификациите за Конференциската лига, Шкендија и Тиквеш, исто така денеска ќе ги добијат ривалите, на ждребот во УЕФА од 16 часот.

Шкендија е носител, но, сепак, има сериозни клубови како можни ривали. Тоа се Вележ (БиХ), Торпедо Кутаиси (Грузија), Малишева (Косово), Ноах (Ерменија) и Ислох Минск (Белорусија).

Тиквеш како можни противници ги има следните пет екипи: Брејдаблик (Исланд), Дуделанж (Дуделанж), Тре Пене (Сан Марино), Сент Џозеф (Гибралтар) и Крусадерс (С.Ирска).

- Оглас -

Најнови вести