Репрезентацијата на Португалија после голема драма дојде до тешка победа од 2-1 против Чешка на Европското првенство во Лајпциг. Откако првиот дел мина во голема доминација на португалците и комплетна дефанзива на чесите, но без голови, вистинска драма се случуваше во второто полувреме
Чешка изненадувачки поведе во 62-рата минута од единствениот шут во рамките на противничкиот гол. Лукас Провод со фантастичен еврогол со удар од 20-тина метри ја изненади Португалија.
Португалците после примениот гол тргнаа во комплетна офанзива. Израмнувањето дојде во 69-тата минута, кога Робин Хранац си постигна комичен автогол, откако претходно чешкиот голман успеа да одбрани.
Во 87-мата минута Диого Жота постигна гол за водство, откако Кристијано Роналдо ја погоди стативата, но фудбалерот на Ал-Наср бил во офсајд, па ВАР го поништи голот. Сепак, победата дојде во 92-рата минута, кога младиот Франциско Консеисао успеа да погоди, откако трагичарот Хранац повторно погреши и му ја подари топката на противничкиот фудбалер.