Американката Реган Смит постави нов светски рекорд на 100 метри грбно

Американската пливачка Реган Смит го подобри светскиот рекорд на 100 метри грбно за време на селекцијата на американските пливачи за Олимписките игри во Париз.

Таа ја мина патеката за 57.13 секунди, подобрувајќи го за 20 стотинки постигнувањето на Австралијката Кајли Мекјуен од октомври 2023 година.

„Ова беше дел од планот”, изјави Реган Смит откако си го врати рекордот во своја сопственост, што го постави во 2019 година.

Таа даде најава за нов светски рекорд уште во полуфиналето, кога пливаше со време од 57.47 секунди, што беше нов американски рекорд.

„Многу сум горда на себе”, изјави Американката, која освои два сребрени и еден бронзен медал на Олимписките игри во Токио во 2021 година.

- Оглас -

Најнови вести