Синер, Зверев и Циципас во второто коло на турнирот во Хале

Италијанскиот тенисер Јаник Синер се пласира во второто коло на турнирот во Хале откако го победи 27-миот играч во светот, Холанѓанецот Талон Грикспор, во три сета, 6-7, 6-3, 6-2.

Првиот тенисер во светот победи по два часа и 19 минути.

Во првиот сет немаше брејк и беше одигран тај-брејк, кој го доби Грикспор со 10-8.

Синер продолжи да игра подобро во следните два сета, направи три брејка и по првата меч-топка се пласира во второто коло каде што ќе игра против Фабијан Марошан од Унгарија.

Во второто коло е и Германецот Александер Зверев, кој го победи својот сонародник Оскар Оте со 6-7, 6-3, 6-4. Негов противник ќе биде Италијанецот Лоренцо Сонего.

Стефанос Циципас се пласира во второто коло со победа против домашниот играч Хенри Скуире со 7-6, 7-6.

- Оглас -

Најнови вести