Дали Чешка е оштетена? Спорна ситуација непосредно пред Португалија да го даде голот за победа (Видео)

Португалија со многу среќа ја победи Чешка со 2:1 во меч кој беше решен со погодок во 92 минута. Чесите први се израдуваа и поведоа со 1:0, но фаворизираната Португалија на крајот успеа да направи пресврт.

Најпрво Хранач си даде автогол, а во судиското надополнување Франциско Консеисао погоди за голема радост на Португалците и освојување на три бода на стартот на ЕП. Сепак, непосредно пред да биде постигнат голот за победа, се случи еден спорен момент.

Чешка беше во напад, Барак се обиде да проигра со Дудер, кој буквално беше разнесен од Нелсон Семедо, кој му влезе во насоката на движење и на тој начин го спречи да дојде до топката, која заврши во гол-аут. Веќе во следниот напад, Португалија го постигна погодокот за победа.

 

- Оглас -

Најнови вести