Едмонтон ојлерс блиску до историски пресврт во финалето на Стенли купот

Хокеарите на Едмонтон ојлерс се на прагот на големо чудо во финалето на Стенли купот за НХЛ-сезоната 2023/24, што би запишало историја во овој спорт.

Едмонтон во петтиот натпревар од финалето како гостин ја победи Флорида пантерс со резултат 5-3 и го намали водството на Флорида во финалната серија на 3-2. Следниот натпревар се игра во Едмонтон, каде што Ојлерс ќе се обидат да изборат седми, одлучувачки натпревар од финалето.

Ојлерс одиграа одличен натпревар синоќа, а по првата третина водеа со 0-1 со голот на Браун во петтата минута.

Во втората третина, тимот од Едмонтон постигна три гола со головите на Хајман, Мекдејвид и Пери, додека за Флорида погодија Ткачук и Родригез, така што резултатот по втората третина беше 4-2 за Ојлерс.

Во последниот период, секој тим постигна по еден гол. За Пантерс погоди Екман-Ларсон, а за Ојлерс, Мекдејвид го постигна својот втор гол на натпреварот.

Флорида ги доби првите три финални натпревари и се очекуваше дека би можеле да го освојат Стенли купот со „метла”, но Едмонтон победи на последните два дуели од финалната серија и го направи финалето многу поинтересно.

Шестиот натпревар од финалната серија ќе се игра в сабота, на 22 јуни во Едмонтон, а ќе видиме дали Ојлерс по 3-0 ќе успеат да дојдат до седмиот финален натпревар.

 

- Оглас -

Најнови вести