Квотите на денот одамна не биле тoлку примамливи, Хрватска и Германија „ѕвонат“

Петте квотите на денот кои за денеска ги предлага Sport Life прават вкупен коефициент од 53.8, а навистина има примамливи опции за натпреварите од Европското првенство.

Првиот предлог е од дуелот меѓу Хрватска и Албанија. Коцкестите мора да победат, а се предлага дека на мечот ќе има и од два до четири гола.

Вториот предлог исто така доаѓа од ЕВРО 2024, и тоа мечот на домаќинот Германија. По убедливиот триумф од 5:1 против Шкотска на отворањето, сега сите очекуваат Германците да продолжат во ист стил. За победа на полувреме и на крај, изразена со најмалку два гола, коефициентот е 2.05.

Шкотска и Швајцарија е третиот меч од Европското првенство денеска, па и тој е меѓу Квотите на денот. Швајцарците се фаворити, предлогот е дека нема да загубат, а и двете селекции ќе постигнат барем по еден гол.

По ЕВРО 2024, преселба преку Атлантикот. Интер Мајами на Лео Меси игра против Колумбус, а предлогот е да има најмалку по еден гол во двете полувремиња и по еден гол во двете мрежи.

Бока јуниорс и Алмиранте играат меч од Купот на Аргентина, домаќинот секако е голем фаворит, а предлогот е во второто полувреме да има повеќе голови. Оваа квота на денот нуди коефициент 2.45.

- Оглас -

Најнови вести