Тиквеш ако стигне до второто коло од квалификациите, ќе игра против Дрита од Косово, а Шкендија ќе патува на Малта

Освојувачот на фудбалскиот Куп на Македонија, екипата на Тиквеш, ќе игра против косовската Дрита доколку го помине првиот предизвик во името на Брејдаблик, во квалификациите од Конференциската лига на Европа.

Шкендија доколку успее да биде подобра во двомечот против ерменскиот Ноах, во следното коло ќе патува на Малта, каде што за ривал ќе го има тимот на Слиема Вондерерс.

- Оглас -

Најнови вести