Домашната Германија рутински ја совлада Унгарија со 2-0 и со шест бода после две кола, може да прави планови за осминафиналето.
Џамал Мусијала кој стана прв фудбалер со два постигнати голови на ЕВРО 2024, и Илкај Гундоган кој после пет години првпат имаше асистенција и гол на ист меч за репрезентацијата, беа стрелци за Панцерите.
Инаку, оптимизам во Германија влева ефикасноста. Досега најмногу голови што имаа дадено во групна фаза на ЕП им беше 6, а годинава веќе имаат 7, и треба да играат уште еден меч и прилика уште повеќе да го подобрат рекордот. Седум гола после првите два меча на едно ЕП имала само уште Холандија во 2008 година.
Последен пат Германија кога даде седум гола во групна фаза беше на Мундијалот во 2014 година, кога станаа светски прваци.