Албански репрезентативец со навреди кон Македонците го прославуваше бодот против Хрватска (Видео)

По натпреварот меѓу Албанија и Хрватска, додека Албанците еуфорично го славеа освоениот бод, се случи голем скандал во режија на играчот Мирлинд Даку кој го мегафон водеше навредливо скандирање проти Македонците.

Даку кој е роден во Косово и играч е на руски Рубин Казан, заедно со навивачите ги пцуеше Македонците и Србите.

За навредите кон Србија и Србите во текот на целиот меч, фудбалската федерација на Србија побара од УЕФА жестока казна, или во спротивно се заканија дека ќе се повлечат од Европското првенство.

Фудбалската федерација на Македонија е на потег, вакво нешто е неприфатливо, нашата селекција ниту е учесник на ЕП, ниту сме дале повод за вакви скандирања на странски фудбалери. Даку си знае од каде потребата кај него нерешениот резултат и тоа што играше пет минути на ЕП да ги прославува на ваков начин.

https://twitter.com/i/status/1803504245208973422

- Оглас -

Најнови вести