Речиси рамномерно е поделен денешниот Супер тип меѓу фудбалот и тенисот. Има седум тениски пресметки и девет фудбалски дуели на кои може да најдете зголемени коефициенти.
Возбудувањата ќе започнат уште предпладне, а секако во поалдневниот термин доминира тенисот. Во период од 11 до 15 часот се закажани седумте тениски мечеви на кои квотите за победа на фаворитите се движат од 1.37 до 1.75.
Од 15 часот ќе започнат и фудбалските возбудувања и тоа со пресметката на ЕП меѓу Словенија и Србија, каде зголемени квоти има и за „кецот“ и за „двојката“. Иста е ситуацијата и за останатите два дуели од континенталниот собир.
Од клупските средби, има фудбали во Летонија, Исланд, Бразил…