Пред точно две години, Србија и Словенија одиграа два меча во рамките од Лигата на нации и беа спектакуларни со многу голови. Србија дома славеше со 4:1, а потоа на дуелот во Љубљана беше 2:2. Ако продолжи оваа низа, денеска на ЕП може да очекуваме погодоци на двете страни.
На тие два натпревари од пред две години, Србија постигнуваше прва погодок и тоа во првите 30 минути. Александар Митровиќ кој е најдобар стрелец во историјата на српската селекција погодуваше на двете пресметки, а тој и сега е главен фаворит дека ќе се запише во листата на играчите кои постигнале гол.
Сега влогот е многу поголем, победникот ќе биде на чекор од место во нокаут фазата на ЕП, па останува да видиме дали повторно ќе се влезе фајтерски или со многу калкулации.
Во Специјалниот сингл на Sport Life традиционално тука се и статистичките игри, односно да се погоди бројот на упатени шутеви кон противничкиот гол, изведени корнери, бројот на добиени жолти картони или колку фаули и офсајди ќе бидат направени.
Тука е и понудата дали ќе има црвен картон или пенал за една од селекциите, како и интервалот кога ќе биде постигнат првиот погодок.