Фабијан Шер цели 70 минути играл со скршен нос против Шкотска

Швајцарија со четири бода од првите два меча е речиси сигурен патник во нокаут фазата на Европското првенство. По победата над Унгарија, синоќа Швајцарија ремизираше 1:1 против Шкотска. На тој дуел против Шкотска, дефанзивецот на Швајцарија Фабијан Шер цели 70 минути играше со скршен нос, а тоа било откриено по завршување на средбата.

Во средината на првото полувреме Шер беше во дуел со Ентони Ралстон, по што му потече крв од носот. Реагираа лекарите, а потоа Шер продолжи да игра за да по завршување на средбата, открие дека повредата не е наивна.

„Носот ми е скршен“, кратко рече Шер, кој сега е неизвесен за дуелот против Германија во третото коло од групата фаза и тоа против домаќинот Германија.

- Оглас -

Најнови вести