Машката фудбалска репрезентација на Македонија, се наоѓа на 71-во место на најновата ранг листа на ФИФА, објавена денеска.
Ова претставува пад за две места во однос на претходниот пласман, а Македонија која месецов играше пријателски мечеви и загуби од Хрватска и Чешка, има и 5.56 поени помалку од претходното рангирање.
На првите три места останаа Аргентина, Франција и Белгија, сега четврти е Бразил, а петта Англија, а во Топ 10 на светот се и Португалија, Холандија, Шпанија, Хрватска и Италија.
Следното рангирање ФИФА ќе го изврши на 18 јули, по завршувањето на Европското првенство и Копа Америка.