Меси: Аргентина е светски шампион, но и Бразил е фаворит за трофејот на Копа Америка

Капитенот на националниот тим на Аргентина, Лионел Меси, првата ѕвезда на носителот на трофејот од Копа Америка и од Светското првенство, вели дека неговата селекција е фаворит, но дека тоа треба да го потврди и низ натпреварите на годинашното издание на Копа Америка во САД. Исто така, Меси жали што Бразилецот Нејмар, негов добар пријател, нема да биде во составот на „кариоките“.

„Можеме да кажеме дека сме најдобри, бидејќи сме светски шампиони. Но, тоа не значи дека ќе ја освоиме Копа Америка без напор. Мислам дека ќе има голема конкуренција, бидејќи тимовите се навистина силни. Еквадор има генерација од многу добри млади играчи кои знаат што сакаат. Исто така, тука се и Колумбија, Уругвај, да не го споменуваме Бразил. Токму затоа сметам дека има неколку одлични селекции, но нашиот тим знае што треба да прави за повторно да победи“, изјави Лео Меси.

Нејмар сè уште се опоравува од повреда на коленото, а Меси го посочи Бразил како еден од кандидатите за освојување на трофејот, заедно со неговата Аргентина.

„Тажно е што Нејмар нема да биде дел од турнирот, но тие имаат многу играчи. Бразил секогаш имал голем број на квалитетни фудбалери кои постојано се менуваат. Многу се квалитетни и имаат конкурентен тим. Бразил е како Аргентина, еден од главните кандидати за титулата и несомнено дека сакаат да ја освојат Копа Америка“, смета Меси.

Аргентина ќе го отвори турнирот ноќеска со натпревар против Канада во Атланта, додека Бразил ќе се соочи со Костарика на 25 јуни во Инглвуд.

Понудата во Sport Life и за овој турнир е одлична, неверојатно обемна. Можете да се обложите на секој натпревар поединечно, но и на селекцијата што ќе го освои трофејот, за најдобриот стрелец на шампионатот.

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести