УЕФА отвори истрага за непристојното и навредливо однесување на албанскиот репрезентативец Мирлинд Даку, кој по вчерашниот натпревар со Хрватска, скандираше и извикуваше вулгарни зборови кон Македонија и Србија.
Европската куќа на фудбалот ќе го разгледа соодветно овој случај.
„Во врска со натпреварот од групната фаза на УЕФА Европското првенство 2024 меѓу селекциите на Хрватска и на Албанија одигран на 19 јуни 2024 година во Хамбург, Германија, е отворена истрага во врска со наводното непристојно однесување на играчот на Албанија, Мирлинд Даку.
Дополнителни информации за овој случај ќе бидат достапни подоцна“, известија од УЕФА.