Шпанија во европската класика го совлада европскиот првак Италија со 1-0. Рикардо Калафиори си постигна автогол во 55.минута, но опасноста пред голот на Донарума, кој беше најдобар играч на Италијанците, ја создаде расположениот Нико Вилијамс.
Крилниот напаѓач го доби признанието за играч на натпреварот.
„Ова е неверојатно. За овие моменти се тренира напорно, отсекогаш сум сакал да играм на ова ниво. Тимот одигра фантастично. Знаевме како да се справиме со противникот во секој момент. Се надевам дека ќе продолжиме со добрите игри на ЕВРО 2024 и дека ќе стигнеме до финалето“, изјави Нико Вилијамс по мечот.