Аргентина со триумф од 2-0 против Канада, го почна настапот и одбраната на титулата на Копа Америка.
Головите паднаа во второ полувреме, стрелци беа Хулијан Алварес (негов прв гол за националниот тим од СП во Катар наваму) и Лаутаро Мартинес.
Лионел Меси не даде гол, но постави два рекорди, од кои едниот беше актуелен цели 71 години. Меси стана фудбалер со најмногу настапи во историјата на Копа Америка, ова му беше 35-ти меч, дебито го имаше во 2007 година. Лео беше асистент за вториот погодок, и стана прв во историката со барем една асистенција на седум различни Копа Америки.