Де ла Фуенте: Шпанија е најдобрата репрезентација на светот, никој не е подобар од нас!

Селекторот на Шпанија, Луис Де ла Фуенте, беше воодушевен од играта на својот тим после победата од 1-0 над бранителот на европската титула Италија.

Црвената фурија го обезбеди првото место во групата Б и во осминафиналето треба да игра со некоја селекција која ќе биде трета во својата група, ако остане ситуацијата како во моментов, тоа би била Чешка.

„Натпреварите ги решаваат деталите и ова беше натпревар во кој можевме да постигнеме повеќе голови. Останувам на ставот дека ниту една репрезентација не е подобра од нас. Горд сум тоа што играчите имаат бескрајни амбиции, бескрајна работна етика“, изјави селекторот на Шпанија.

„Мислам дека ова е наша најдобра игра откако сум селектор. Никогаш нема да се изморам од промовирање на шпанскиот фудбал. Го видов потенцијалот на мојот тим, таа способност навистина да се надигра противник од врвна класа како Италија. Можеби изгледа како Италија да игра лошо, но тоа е затоа што ние игравме многу добро. Ми се допаѓа фактот што луѓето почнуваат да го мислат дека можеме да го освоиме шампионатот, но фудбалот може да биде многу суров и мораме да бидеме внимателни и да покажеме почит“, додаде Де ла Фуенте. 

- Оглас -

Најнови вести