Во својата прва изјава за Радио Телевизија Србија после ремито со Словенија, селекторот на Србија, Драган Стојковиќ Пикси, беше тотално збунет и преполн со емоции, иако беа поминати 15-тина минути после завршувањето на мечот.
Стојковиќ дури и побара потврда од новинарот дека Јовиќ бил стрелец на голот во 96-та минута за 1-1 и задржување на шансите на Србија за пласман во осминафиналето.
„Им честитам на момците на менталитетот и карактерот, веруваа во себе. Не заслуживме пораз, заслуживме гол. Мислам дека Јовиќ го постигна, така? Драго ми је за него, многу ќе му значи за самодовербата“, изјави Пикси, а Стојановиќ познат по прекарот „Аца Информација“, му климна со главата за потврда дека Јовиќ е стрелец.