Македонскиот прволигаш Шкендија го засилува нападот пред настапите на европска сцена. Раководството на тетовскиот клуб го доведе Дауда Бамба, интернационалец од Брегот на Слоновата Коска.
Дауда Бамба потпиша двегодишен договор со Шкендија. Тој треба да го замени Ералдо Чинари, кој беше еден од најдобрите офанзивци во македонскиот шампионат, а ова лето го напушти тетовскиот клуб.
Бамба има норвешки пасош, а во кариерата има настапувано и за ЦСКА Софија, Алтај, Бран, Кристиансунд и Конгсвингер.